Претседателот на САД Доналд Трамп, со нови критики поврзани со истрагите за неговата кампања во 2016-та година, сугерирајќи дека Законот за овластување на разузнавачките служби на САД се употребил за „лошо следење и злоупотреба“ на неговите изборни операции.
Трамп не понудил докази дека имало прислушување, но кажа дека можно е да бил употребен Актот за надзор над надворешната разузнавачка служба, при следење на неговата кампања, со „помош на дискредитираното и лажно“ досие составено од оперативци платени од поранешната демократска кандидка Хилари Клинтон, чија цел била да соберат информации за поврзаност на кампањата на Трамп со Русија.
Во коментарите на Твитер во врска со кампањата, којашто заврши пред 15 месеци, Трамп цитираше предлог од неговата омилена утринска емисија на ТВ-мрежата Фокс: „Досието се користило за шпионирање на кампањата на Трамп. Дали ФБИ користело мерка на разузнавањето за да влијае на изборите?“, сугерирајќи на Федералното истражно биро, највисоката агенција за истраги за криминални активности во земјата.
Трамп реторички праша: „Дали демократите или Клинтон, исто така им плаќале на Русите? „Каде се скриените или уништени сервери на Демократскиот национален комитет? Каде се имејл пораките на Хилари? Каков хаос!“
Пред неколку месеци, Трамп го обвини поранешниот претседател Барак Обама, дека го прислушувал седиштето на неговата кампања во Кулата Трамп во Њујорк. Американските разузнавачки агенции го порекнаа ова тврдење.
Забелешките на Трамп за Актот за надзор, се случуваат во време кога во Претставничкиот дом треба да гласа за обнова на клучен дел од законот со којшто на Агенцијата за национална безбедност и` се овозможува да собира текстови и електронски пораки од странци во странство без да има дозвола за тоа, дури и кога комуницираат со американски државјани.
Трамп истакна дека дури и со загриженоста за наводниот надзор на неговата кампања, го поддржува обновувањето на законот за прислушување.
Најновите коментари на американскиот претседател за изборите, се случија неколку часа откако изјави дека „се чини неверојатно“ тој да треба да се состане со специјалниот советник во истрагата за Русија, Роберт Милер, а во врска со тврдењата дека кампањата на Трамп се состанала со Русија, за да му помогне да ја порази Клинтон.
Тој на неколкупати кажа дека не постои „заговор“ со Русија, Пред неколку месеци, лидерот на САД рече дека има „100 проценти“ шанса да се согласи на интервју со Мулер.
Мулер им посочи на адвокатите на Трамп дека неговиот тим би сакал да го интервјуира претседателот, како дел од истрагата за која Трамп тврди дека е „трик на демократите“ што се користи да ја објасни неговата победа на изборите.
Мулер истражува неколку можни врски на кампањата на Трамп со руски оперативци и тоа дали Трамп направил опструкција на правото, со тоа што го отпуштил поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, кој бил на чело на истрагата за Русија.
Досега, специјалниот советник обезбедил признавање на вина од страна поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин и советникот за надворешни работи, Џорџ Пападопулос, затоа што лажеле пред агенти на ФБИ за нивните контакти со Русите. Двајца други помошници во кампањата, Пол Манафорт и Рик Гејтс, се обвинети за перење пари поврзани со нивните напори за лобирање за Украина.
Тимот на Мулер интервјуираше голем број помошници на Трамп, вклучувајќи го и неговиот зет и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер, како и поранешниот началник на Здружениот генералштаб Рајнс Прибус.
Истовремено, истраги за можната вмешаност на Русија во изборите, водат и неколку комисии во Конгресот.
Facebook Forum