Претседателот на САД Доналд Трамп пристигна во Италија, каде треба да се сретне со папата Францис и италијанските лидери. Ова е трета станица при неговото прво патување во странство, по преземањето на функцијата.
Претседателскиот авион слета на аеродромот Леонардо да Винчи, каде Трамп и неговата сопруга Меланија, беа пречекани од италијанскиот министер за надворешни работи Анжелино Алфано.
Согласно агендата, Трамп утре треба да се сретне со папата Францис во Ватикан, по што ќе има разговори и со италијанскиот премиер и претседател, пред да замине за Брисел.
Во седиштето на НАТО, Трамп ќе има и свое обраќање, во време на загриженост меѓу земјите-членки за неговата заложба за Алијансата.
Во петок и сабота, американскиот претседател ќе се врати во Италија, каде ќе присуствува на Самитот на државите од Групата 7.
Facebook Forum