Линкови за пристапност

Трамп: Се доближуваме до укинување на Обамакеар


За предлогот на републиканците ќе се гласа в четврток, а најмалку петтмина републиканци се очекува да бидат против

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека, заедно со републиканците во Сенатот, се наоѓаат пред „многу краток пат“ во нивните седумгодишни напори да ги променат здравствените реформи, кои беа заштитен знак на поранешниот претседател Барак Обама.

„Мислам дека ќе стигнеме до таму“, изјави Трамп во интервју за „Фокс“.

Тој го истакна комплицираниот пат во наредните денови, да изберат план кој сите ќе го сакаат, но, коментираше дека алтернативата за промена на здравствените политики е колапс на моменталниот Закон за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Сенатските лидери планираат да гласаат в четврток, за закон со кој ќе се стави крај на обврската, Американците да купуваат здравствено осигурување или да плаќаат казна, истовремено кратејќи билиони долари за финасирање на владините здравствени програми за сиромашни и хендикипирани лица, во наредните неколку години

Пред гласањето, Конгресната канцеларија за буџет треба да ја објави нејзината калкулација за предлогот на републиканците, во која ќе бидат вклучени проекции и пресметки за тоа колку луѓе ќе го изгубат нивното осигурување, ако законот стапи во сила.

Републиканците имаат мнозинство во Сенатот со 52 наспроти 48 гласа, а сите демократи се очекува да гласаат против републиканскиот предлог.

Веќе и пет републикански сенатори изјавија дека нема да го поддржат законот, каков што е предложен сега, сметајќи дека со него нема доволно да се намалат провизиите предвидени со моменталниот Закон, како и дека кратењата за сиромашните се преголеми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG