Федерален апелационен суд одби повторно воведување на забраната за влез во САД на лица од седум претежно муслимански земји.
Телото составено од тројца судии на Деветтиот окружен апелационен суд во Сан Франциско едногласно одби да ја блокира одлуката на понизок федерален суд кој ја суспендира забраната и дозволи влез на патниците на кои претходно им беше забрането да влезат во САД.
„Ќе се видиме на суд, во залог е безбедноста на земјата“, реагираше претседателот на Твитер откако судот ја објави одлуката., а кусо време потоа пред новинарите во Белата куќа рече дека судот донел „политичка одлука“ и кажа дека неговата администрација многу лесно ќе го добие случајот во подоцнежна судска постапка.
На конференција за новинарите во Сиетл, Боб Фергусон генерален правобранител на сојузната држава Вашингтон, кој изнесе аргументи против враќање во сила на забраната, кажа: „Ние сме нација на закони и законите важат за сите, вклучувајќи го и претседателот на САД. Според мое мислење, во залог е иднината на Уставот“.