Недвижнините на претседателот на САД Доналд Трамп му донеле приход од милиони долари минатата година, што покрена прашање дали бизнисот на претседателот профитира од домашни и странски владини официјални лица.
Владината канцеларија за етика објави дека луксузниот хотел на Трамп во Вашингтон ја завршил годината со речиси 41 милион долари, малку повеќе од претходната година.
Од преземањето на функцијата Трамп се соочи со критики за неговото одбивање да ги одвои недвижнините што, според критичарите, создава конфликт меѓу неговите бизнис и политички интереси.
Трамп, пак, пријави приход од најмалку 434 милиони долари за 2018 година, за разлика од 2017 година, кога имал пријавено 450 милиони долари.
Facebook Forum