Линкови за пристапност

Трамп најави нов имиграционен систем на САД


Претседателот Доналд Трамп се врати во Вашингтон по настаните во сојузната држава Охајо, каде обелодени дека со двајца републикански сенатори работи на нов имиграционен систем за САД.

„Актуелниот систем е ужасен, секој доаѓа, луѓе коишто никогаш не работеле. Луѓе кои се криминалци. Се залагаме за систем базиран на заслуги, таков којшто ги заштитува нашите работници, нашите даночни обврзници и нашата економија. Сакаме луѓе кои вложиле огромни напори од земјата од каде доаѓаат, за да продолжат со исто темпо и овде. Не сакаме луѓе кои ќе влезат во САД, и веднаш бараат социјална помош, на која сакаат да останат до крајот на животот. Тоа нема да го сториме“, истакна американскиот претседател.

Трамп воедно кажа дека спасил американски работни места, со тоа што ги повлекол САД од Договорот за транс-пацифичко партнерство и Договорот за климатски промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG