Британски државјанин се соочува со обвиненија поврзани со оружје, откако, како што соопшти Тајната служба, порано месецов за време на собир во Лас Вегас, Невада, се обидел да го убие републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Според поротата, 20-годишниот Мајкл Сендфорд во САД престојувал илегално, поседувал оружје, и се обидел да попречи уредно извршување на владина должност. Доколку биде осуден, Сендфорд можно е да добие 30-годишна казна затвор. Тој не е обвинет за заговор да изврши убиство.