Линкови за пристапност

Трамп: Глас за кој било демократ во 2020 е глас за радикален социјализам


Претседателот одржа кампања во Северна Каролина во име на републиканецот Ден Бишоп

Претседателот на САД Доналд Трамп вчеравечер одржа изборна кампања во Северна Каролина, во име на републиканецот Ден Бишоп. Бишоп е во трка за Претставничкиот дом против демократот Ден Мекреди.

„Глас за кој било демократ во 2020 во Северна Каролина е глас за зголемување на радикалниот социјализам и уништување на американскиот сон“, рече претседателот Трамп.

Тој, исто така, зборуваше за трговијата со Кина, велејќи дека царините носат милијарди долари од Кина во САД.

Двете страни ќе одржат разговори овој месец кои, според Кина, ќе бидат основа за значаен прогрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG