Линкови за пристапност

Трамп од Аризона повтори дека ќе го гради ѕидот со Мексико


„И ако треба да ја затвориме Владата, ѕидот ќе го градиме“, најави претседателот

Претседателот Доналд Трамп, од сојузната држава Аризона, ја повтори неговата заложба за изградба на ѕид на границата со Мексико.

„Демократските противници би сакале да не го направиме тоа. Но, верувајте ми, „и ако треба да ја затвориме Владата, ѕидот ќе го градиме“ рече Трамп.

Трамп исто така најави дека може да реагира, најверојатно со помилување на Џо Арпајо, поранешен шериф на округот Марикопа, Аризона, повторувајќи ги неговите цврсти ставови за имиграционата политика

„Но нема да го направам тоа вечерва, бидејќи не сакам да предизвикам каква било контроверза. Но, шерифот Џо може да се чувстува добро“, нагласи Трамп.

Трамп, исто така, изјави дека еден глас застанал на патот кон укинување и замена на Законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Додека Трамп зборуваше пред насобраните поддржувачи, друга група луѓе протестираа против неговите ставови.

Нема информации за масовни апсења и повредени во демонстрациите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG