Линкови за пристапност

Ако дојдете во САД нелегално, веднаш ќе бидете отстранети, рече Трамп при вчерашниот говор


Оваа е една од изјавите на претседателот, која предизвика гласно одобрување од страна на републиканците

Претседателот на САД Доналд Трамп, во текот на вчерашното обраќање пред нацијата, ги истакна резултатите на администрацијата во економијата, имиграцијата, надворешната политика и борбата против тероризмот.

Овие се некои од изјавите на Трамп, кои предизвикаа гласно одобрување од страна на републиканците.

Обнова на договорот со Канада и Мексико

„Едно од големите ветувања што им ги дадов на американските граѓани, беше да го заменам катастрофалниот договор НАФТА. Но, за разлика од многу пред мене, јас ги одржувам ветувањата. Пред шест дена јас ја заменив НАФТА и потпишав нов договор САД - Мексико – Канада“.

Тиранијата на Мадуро ќе биде уништена

„САД ја предводат дипломатската коалиција од 59 држави против социјалистичкиот диктатор на Венецуела Николас Мадуро. Мадуро е нелегитимен владетел, кој ги злоупотребува неговите граѓани. Но, неговата тиранија ќе биде уништена. Вечерва овде е човекот кој носи надеж, соништа и асоирации за сите Венецуелци - вистинскиот и легитимен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо“.

Намалени нелегалните поминувања преку границите

„Ако сте дојдени нелегално, веднаш ќе бидете депортирани. Почнавме историска соработка со Владите на Мексико, Хондурас, Ел Салвадор и на Гватемала. Како резултат на нашите невидени напори, нелегалните поминувања преку границите се намалени за 75 проценти од месец мај“.

Ако ги нападнете нашите граѓани, го ставате во залог вашиот живот

„Нашата порака до терористите е јасна. Никогаш нема да и` избегате на американската правда. Ако ги нападнете нашите граѓани, го ставате во залог вашиот живот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG