Линкови за пристапност

Трамп му се заблагодари на Путин за редуцирање дипломати


Претседателот смета дека на таков начин ќе се заштедат средства

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на наредбата на неговиот руски колега Владимир Путин, за протерување на стотици американски дипломати од Русија, со тоа што му се заблагодари, потенцирајќи дека со тој чекор САД ќе заштедат значајни пари.

Нема официјален коментар од страна на Стејт департментот за изјавата на Трамп

Сепак, новинската агенција Ројтерс, цитираше анонимен поранешен официјален претставник на Стејт департментот, кој кажал дека агенцијата е „ужасната и потресена“ од забелешките на претседателот.

Нема информации дали претседателот се шегувал кога го кажал ова.

Според Николас Брн, професор на Школата за владеење Џон Кенеди, при Универзитетот Харвард, ако Трамп се шегувал „требало да избере подобар начин“, но, ако тоа не е случај, тогаш неговите коментари се „без преседан“.

Нема комнетар за забелешките на претседателот, ниту од Белата куќа.

Наредбата на Путин за протерување на американски дипломатски персонал беше очекувана подолго време, особено откако поранешниот претседател Барак Обама, на 35 руски дипломати, им нареди да си заминат од САД, а воедно требаше да се затворат и два руски рекреативни центра.

Чекорот уследи по извештаите на американските разузнавачки служби, дека Русија се вмешала во претседателската трка во 2016-та година, преку хакерски напади и други средства, со цел да му помогне на Трамп да победи на изборите.

Москва ги негираше овие тврдења.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG