Линкови за пристапност

Трамп и Путин ќе имаат телефонски разговор


Разговорот се очекува да биде утре, и ќе биде прв телефонски контакт на двајцата лидери, по заклетвата на Трамп за претседател

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се очекува утре да имаат телефонски разговор. Тоа ќе биде првиот разговор на двајцата лидери, по заклетвата на Трамп за претседател. Првпат разговараа откако Трамп победи на изборите во ноември.

Тогаш, и Трамп и Путин, рекоа дека би сакале да ги „нормализираат“ односите меѓу двете држави.

Трамп рече дека сака да има подобри односи со Русија и со Путин, отколку што имал неговиот претходник Барак Обама.

Трамп ја зголеми можноста за олеснување на санкциите кон Русија, воведени од администрацијата на Обама. Тој ги одби сите обвинувања дека на изборите победил со помош на Русија.

XS
SM
MD
LG