Линкови за пристапност

Путин е подготвен да се сретне со Трамп


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека претседателот Владимир Путин е подготвен да ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп за средба во Вашингтон. Тој ова го кажа за државната агенција „РИА Новости“.

Лавров додаде дека Трамп поканата ја дал за време на телефонскиот разговор со Путин, кога му рекол дека би бил среќен да го сретне Путин во Белата куќа и да направи реципрочна посета на Русија.

Трамп му телефонираше на Путин на 20-ти март, за да му честита за победа на претседателските избори два дена претходно.

Белата куќа и Кремљ ја потврдија информацијата за можна средба помеѓу двајаца лидери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG