Линкови за пристапност

Можна средба Трамп-Путин во Белата куќа


Претседателот на САД Доналд Трамп во неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, предложил средба меѓу двајцата лидери, по што рекол дека се надева оти тоа ќе се случи „во не толку далечна иднина“

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, оцени дека претседателот Доналд Трамп ја предложил Белата куќа како потенцијална локација за одржување на состанок со неговиот руски колега Владимир Путин.

Предлогот дошол за време на телефонскиот разговор на 20-ти март меѓу двајцата лидери. Трамп по телефонскиот повик изјави дека се надева оти ќе се состане со Путин „во не толку далечна иднина“, за што и двете страни биле согласни.

Сандерс не даде дополнителни информации за плановите за одржување на состанокот.

Советникот во Кремљ Јуриј Ушаков, исто така кажа дека Трамп ја дал идејата да биде домаќин на Путин во Белата куќа.

Трамп е под лупа на јавноста и во моментов се водат истраги, бидејќи специјалниот совет ги истражува потенцијалните врски меѓу неговата претседателска кампања и Русија. Разузнавачката заедница на САД го оцени Путин како дирекно инволвиран во кампањата насочена кон изборите во САД во 2016-тата година, кога Трамп победи во трката за претседател.

Трамп вели дека немало никаков заговор меѓу неговата кампања и Русија.

Од телефонски повик од 20-ти март, односите меѓу двете земји станаа покомплицирани откако САД протераа 60 руски дипломати и наредија затворање на руски конзулат во САД, како одговор на труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија. Русија негира дека е одговорна за нападот и возврати со протерување на американски дипломати и затворање на американски конзулат во Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG