Претставник на Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, но без дополнителни детали за што конкретно станало збор.
Според соопштение на Кремљ, Трамп му ја честитал победата на Путин на претседателските избори кои се одржаа пред два дена.
Трамп и Путин покажале интерес за зголемување на економската соработка и потенцирале дека треба да работат на намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров преку дипломатски средства. Станало збор и за прашања како борбата против меѓународниот тероризам. Кремљ додаде дека обајцата лидери дискутирале и за ситуацијата во Сирија и во Украина.
Според официјална Москва, Трамп и Путин се согласиле за натамошен развој на билатералните контакти.
Facebook Forum