Линкови за пристапност

Имавме многу добар разговор за производството на нафта, рече Трамп по разговорот со Путин и кралот Салман


Тројцата лидери имале телефонски разговор, за можноста оваа индустрија да работи подобро од сега

Претседателот на САД Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Саудиска Арабија Салман, имале телефонски разговор, пред најавата за договор од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), и други држави.

„Имавме важен разговор за производството на нафта, за да може добро да работи нашата индустрија, и да работи подобро од сега“, рече Трамп, пред брифингот во Белата куќа за состојбата со коронавирусот, додавајќи дека разговорот бил многу добар.

Пандемијата на КОВИД-19 ја намали побарувачката на енергија, намалувајќи ги цените и работните места во оваа индустрија.

ОПЕК и сојузниците, предводени од Русија, се согласиле колективно да го намалат производството на нафта за повеќе од една петтина

Тие изјавија дека очекуваат САД и други производители да ги здружат напорите за да ги зголемат цените.

И покрај кратењето од 15 милиони барели на ден, сепак, Трамп верува оти залихите и натаму ќе бидат големи.

„Не се продава нафта денес. Складираме милиони барели, нешто во што никој досега не можеше да поверува“, додаде Трамп.

Администрацијата на САД деновиве разгледува кога би било можно да се отвори економијата, која во огромна мера е погодена од пандемијата.

„Треба да го направиме тоа разумно, и ќе ги следиме податоците во јавните здравствени извештаи“, рече потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Администрацијата на Трамп се очекува да најави втор кризен тим, кој ќе се фокусира на економските прашања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG