ВАШИНГТОН —
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс вели дека доколку се случи некаква комуникација меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на Азиско-пацифичкиот економски самит во Виетнам, би било само краток разговор.
Сандерс додаде дека формални разговори не се закажани.
Претставник на Кремљ, за руски новински агенции, изјавил дека Путин и Трамп би се сретнале денес, на маргините на Самитот во Дананг.
Пред посетата на Азија, Трамп пред новинарите, изјавил дека очекува да се сретне со Путин, со цел да побара помош во спречување на развој на нуклеарно оружје на Северна Кореја.
Facebook Forum