Линкови за пристапност

Советникот за национална безбедност на САД на средба со Путин следната недела?


Кремљ потврди дека Болтон планирал да ја посети Москва, за да разговара за евентуалната средба на Трамп и рускиот претседател

Официјални лица на Кремљ размислуваат за можен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон, при неговата посета на Москва следната недела, објави Руската новинска агенција.

Кремљ потврди дека Болтон планирал да го посети рускиот главен град, за да разговара за можна средба следниот месец меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според агенцијата Ројтерс, пак, која ја цитираше руската новинска агенција Новости, Болтон следната недела ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Портпаролот на Советот за национална безбедност Гарет Маркис вчера, на Твитер, потврди дека од 25-27 јуни, советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон, ќе се сретне со сојузниците во Лондон и Рим, од каде ќе отпатува во Москва да разговара за можен состанок меѓу Трамп и Путин“.

Според медиумските извештаи, кои се повикуваат на анонимни извори, средбата ќе се случи следниот месец, за време на патувањето на Трамп во Европа.

Во нив се вели дека двајцата лидери би можеле да се сретнат пред Самитот на НАТО на 11-ти и 12-ти јули во Брисел, или по средбата на Трамп на Британија, два дена подоцна.

Локацијата се` уште не се открива, но, неколку странски медиуми претходно известија дека Трамп и Путин може да се сретнат во една од европските метрополи, по НАТО Самитот.

Некои медиуми, пак, известуваат дека Виена е една од можните локации.

Трамп изрази интерес за обновување на позицијата на Русија на глобалната сцена, предлагајќи да биде вратена во групата Г-7, од каде беше суспендирана во 2014-та година, по анексијата на Крим.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG