Линкови за пристапност

Трамп се надева на позитивни односи САД - Русија


Прва средба еден на еден Трамп-Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Набљудувачи одблизу го анализираат состанокот еден на еден, за тоа како двајцата лидери се однесуваат меѓусебе

Претседателот на САД Доналд Трамп, на првата средба лице в лице, рече дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за „различни работи“, и предвидува напредок во идните односи, што ќе бидат од корист за двете држави.

„Со нетрпение очекувам многу позитивни работи за САД и за Русија“, рече Трамп на почетокот на средбата со Путин, формална билатерална дискусија, која го засени собирот во Хамбург, Германија, каде се среќаваат лидерите на 20-те најголеми светски економии.

Симболика на состанокот е Трамп, се` уште нов во глобалната дипломатија, кој седи до Путин, поранешен КГБ агент, кој дојде на власт во Кремљ пред 17 години.

Набљудувачи одблизу го анализираат состанокот, за тоа како двајцата лидери се однесуваат меѓусебе.

Односите меѓу Путин и поранешниот претседател Барак Обама беа напнати, и Трамп неколкупати изјави дека би сакал да ги подобри односите со Русија.

Во САД, пак, постои скептицизам за руските намери, првенствено како резултат на тековните истраги за тоа дали кампањата на Трамп соработувала со Русија, за наводно мешање во ланските претседателски избори во САД.

Соработниците на Трамп изјавија дека претседателот може да го спомне прашањето за мешање во изборите, но, оти нема да навлегува длабоко во темата.

Законодавците од двете политички партии изјавија дека Трамп мора да го соочи Путин за наводното мешање во изборите во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG