Линкови за пристапност

Разговор Трамп - Путин

Двајцата претседатели по телефон разговарале за борбата со Исламската држава и постигнувањето на мир во Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во саботата имале долг телефонски разговор, а портпаролите од двете престолнини велат дека тие се согласиле да соработуваат во борбата против Исламската држава и постигнување на мир во Сирија и светот.

Двајцата претседатели зборуваа лично за прв пат по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари. Од Белата куќа велат дека едночасовниот разговор бил „позитивен“ и дека е „значаен почеток за подобрување на односите“ меѓу Вашингтон и Москва, кои во последниве месеци дополнително се заладија.

Американски официјални лица велат дека се надеваат дека разговорот на Трамп и Путин ќе помогне за подобрување на односите меѓу САД и Русија кои „имаат потреба од поправка." Од ниту една страна не беа споменати наметнатите санкции за Русија или нивно можно симнување - нешто за што шпекулираа аналитичарите пред да се одржи разговорот.

Вестите кои доаѓаат од Кремљ непосредно ја повторија пораката на Белата куќа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG