Линкови за пристапност

Трамп „мобилизира“ цивилни, воени ресурси да ги смири протестите


Објавувајќи дека „акти на домашен тероризам“ се сторени од насилни демонстранти , американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот навечер вети дека ќе ги прекине „немирите и беззаконието што се прошири низ нашата држава.“

Трамп кажа дека ги „мобилизира сите расположиви федерални ресурси, цивилни и воени, да запрат немирите и ограбувањето, да прекине уништувањето и опожарувањето, и да се заштитат правата на Американците што го почитуваат законот, вклучувајќи ги и вашите права што произлегуваат од Вториот амандман.“

Непосредно пред говорот на претседателот, новинарите кои чекаа на неговото обраќање во Градината на розите можеа да слушнат гласни експлозии од испукување на солзавец околу Паркот Лафајет, каде полиција за смирување немири со штитови ги потиснуваше назад демонстрантите кои мирно протестираа. Испукани беа и гумени куршуми и донесени коњички полициски единици да помогнат да се расчисти областа.

Движењето на спроведувачите на законот дојде помалку од половина час пред полицискиот час што влезе во сила за Вашингтон во 19 часот.

Акцијата го расчисти патот - но не и мирисот на солзавец - околу црквата Свети Јован, на една улица растојание од Белата куќа, до која Трамп отшета само неколку минути откако полицискиот час влезе во сила. Историската епископска црква претрпела мала штета во неделата навечер кога била потпалена со подметнат оган во подрумот.

Доколку град или сојузна држава  одбие да преземе акција за одбрана на животот или имотот на нивните жители, тогаш јас ќе ја распоредам армијата на САД и брзо ќе го решам проблемот за нив
Доналд Трамп, Претседател на САД


Пред забарикадираната црква, Трамп држеше библија и САД ги нарече „највеличествена држава на светот“ и кажа „ние ќе ја чуваме безбедна.“

Потоа Трамп се врати назад во Белата куќа опкружен со големо обезбедување.

„Доколку град или сојузна држава одбие да преземе акција за одбрана на животот или имотот на нивните жители, тогаш јас ќе ја распоредам армијата на САД и брзо ќе го решам проблемот за нив“, предупреди Трамп во неговото обраќање од Градината на розите, очигледно алудирајќи на можноста да се повика на федералниот закон што му дава право на претседателот да ја ангажира армијата во рамки на државата за смирување на граѓанска непослушност и бунтовништво.

Овој закон, што датира од 1807, последен пат е применет во 1992 за време на немирите во Лос Анѓелес, откако полицијата го претепала Родни Кинг.

„Одлуката на претседателот Трамп да се повика на Актот против бунтовништво, и неговата потпалувачка реторика, докажува дека тој не може да не води низ овие немирни времиња и да ја обедини државата. Напротив, тој реши да се потпира врз сила за справување со оние на кои гледа како на закана,“ рече конгресменот Адам Смит, претседавач на Комисијата на вооружените служби на Претставничкиот дом, во соопштение.


Претседателот, според претставници на Одделот за одбрана, наредил Армијата да распореди полициски баталјон во активна служба за Вашингтон, единствената јурисдикција каде армијата може да бииде распоредена без претходно консултирање со гувернот на државата.

Сите 1.200 трупи на Националната гарда во главниот град на САД биле мобилизирани, а пет сојузни држави брзо испратиле меѓу 600 и 800 дополнителни трупи на гардата, некои наоружани со смртоносно оружје, според официјални претставници.

Други американски активни трупи, вклучувајќи ја воената полиција и инженерски единици, се ставени во состојба на подготвеност надвор од Дистриктот Колумбија, но доволно блиску да можат веднаш да реагираат доколку биде потребно, велат официјални лица.

Потегот на Трамп некои го гледаат како најотворено покажување на авторитарна сила откако дошол на функцијата пред 3½ години.

XS
SM
MD
LG