Десетици илјади демонстранти од Њујорк до Калифорнија веќе трет ден излегоа на протести против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
Протести имаше во Портланд, Далас и други градови ширум земјата. Главно демонстрациите биле мирни, но во Портланд според полицијата, соборот се претворил во насилен бидејќи насобраните граѓани почнале да кршат стакла по уличните излози и да фрлаат петарди. Преку 20 лица биле приведени.
Претставници на Одделот за транспорт на Орегон од предострожност беа приморани да затворат дел од патиштата.
Демонстрации имаше и во Минеаполис, Филаделфија, Балтимор и Луисвил во Кентаки.