Линкови за пристапност

Американскиот Капитол е безбеден, законодавците се вратија да го потврдат изборот на Бајден


Илјадници поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп со веење знамиња се собраа кај американскиот Капитол во средата, присилувајќи ги законодавците да се евакуираат и за неколку часа да ја одложат вообичаената рутинска процедура на расчистување на патот за Џо Бајден и Камала Харис да дадат заклетва на претседателската и потпретседателската функција на 20-ти јануари.

Откако полицијата ја обезбеди областа по часови на хаос, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави дека законодавците ќе се состанат повторно да ја продолжат работата на потврдување на гласовите на Изборниот колеџ што го одредува следниот претседател.

„Денеска демократијата беше нападната на срамен начин“, рече Пелоси. „Нападот беше поттикнат од највиско владино ниво, но нема да не одврати од нашата одговорност да го валидираме изборот на Џо Бајден“, рече тоа.

Неколку часа порано, гледачите на американската телевизија следеа како протестанти се качуваат по екстериерот на зградата која го вклучува Сенатот и Претставничкиот дом. Стотици други ги минаа линиите на обезбедувањето и влегоа во зградата.


Законодавците беа префрлени на безбедна локација.

Жена беше застрелана од полицијата, и подоцна беше објавено дека починала. Други детали не се познати.

Градоначалничката на Вашингтон прогласи полициски час од 18 часот и беше активирана Националната гарда на главниот град.

Трамп ја охрабри толпата да се упати кон Капитолот во говор на пладне пред Белата куќа. „Никогаш нема да се откажеме, никогаш нема да се предадеме“, рече тој.

Претседателот во заминување испрати две пораки на Твитер барајќи поддржувачите да одат дома, но во исто време повторувајќи дека изборите биле украдени од него.

Фејсбук и Јутјуб го отстранија видеото во кое Трамп им вели на поддржувачите „Ја разбирам вашата болка. Го знам страдањето. Но сега треба да си одите дома.“ И потоа повтори дека изборите биле украдени.

Твитер, прво ги остави пораките на платформата но ја блокираше можноста да се препраќаат и да се коментираат, а подоцна ги отстрани, тврдејќи дека претставуваат „ризик од насилство“.

Цитирајќи прекршување на нивната политика, Твитер исто така го суспендираше профилот на претседателот за 12 часа.

Бајден се појави од неговото транзиционо седиште во Делавер и го повика претседателот да ја исполни својата обврска како врховен командант да ја распушти толпата.


Спроведувачите на законот употребија солзавец за растурање на протестантите.

На законодавците им беа дадени гас-маски за заштита. Полицајци кои не беа во униформи имаа вперено оружје во врата со прозорец до подиумот на Претставничкиот дом. да спречат демонстранти да влезат.

Њујорк Тајмс извести за безбедно детонирање на бомба во близина на Републиканскиот национален комитет и сомнителен пакет предизвика евакуација на блискиот Демократски национален комитет. Двете локации се на неколку улици од Капитолот.

Прекинатата седница за Изборниот колеџ по прекинот од неколку часа продолжи до доцна во ноќта.

XS
SM
MD
LG