Линкови за пристапност

Мулер ќе истражува и дали Трамп ја попречувал правдата


Специјалниот советник за испитување на руското влијание во изборите, ја прошири истрагата

Роберт Мулер, специјалнот советник кој го испитува руското влијание во изборите во САД и можните врски со кампањата на претседателот Доналд Трамп, се прошири на истрага за тоа дали претседателот ја попречувал правдата.

Ова го објавија весниците Вашингтон пост, Њујорк тајмс и Вол стрит џурнал, врз основа на изјави на лица запознаени со истрагата.

Според новинските извештаи, Мулер планира да разговара со директорот за Национално разузнавање Ден Котс, со директорот на Агенцијата за национална безбедност Мајкл Роџерс и поранешниот заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност Ричард Леџет.

Вашингтон пост и Вол стрит џурнал велат дека Леџет напишал меморандум во кој се опишува телефонски повик на Трамп со Котс, при што претседателот од него побарал јавно да каже дека неговата кампања немала незаконска соработка со Русија. Според Вашингтон пост, Трамп имал слично барање и во телефонски разговор со Роџерс.

Портпаролот на личниот адвокат на Трамп, Марк Корало, кажа дека „протекувањето на информации од страна на ФБИ во врска со претседателот, е срамно, неоправдано и незаконско“

Претседателката на Републиканскиот национален комитет Рона Мекданиел, написот во Вашингтон пост го окарактеризираше како „неосновани обвинувања“.

Претседателот Трамп преку Твитер кажа: „составија лажна приказна за незаконска соработка со Русите, не најдоа никакви докази, па сега спомнуваат попречување на правото околу лажна приказна“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG