Линкови за пристапност

Трамп ги бранеше достигнувањата на администрацијата


На прес конференција во Белата куќа тој исто така ги нападна и медиумите

Претседателот Доналд Трамп ја искористи својата прва самостојна прес конференција како претседател отфрлајќи ги извештаите за хаос во Белата куќа и инсистираше дека неговата администрација работи „како добро усогласена машина.“

Прес конференцијата која траеше повеќе од 75 минути, премина во воинствена и комична атмосфера, кога Трамп се шегување и им делеше лекции на новинарите во Белата куќа.

Трамп изнесе долга листа, на како што ги нарече постигнувања, вклучувајќи ги повлекувањето на САД од транс-пацифичкиот трговски договор, замрзнувањето на вработувањето на нови владини службеници и елиминирање на владините регулативи.

„Направивме неверојатен прогрес“ кажа Трамп. “Мислам дека досега немало избран претседател, кој за толку „кратко време направил толку колку што направивме ние.“

Тој инсистираше дека можело да се направи и повеќе ако тој не`наследил „неред“ од неговиот претходник, претседателот Барак Обама „Наследив неред. Дома и во странство.“ кажа тој.

Како стандарден дел од неговото јавно појавување, Трамп исто така за цел ги имаше медиумите, и ги обвини дека ги омаловажуваат неговите постигнувања и дека прваат „лажни вести“ со цел да и наштетат на администрацијата.

Трамп исто така повика на истражување на „криминалните протекувања“ кои доведоа до оставка на Мајкл Флин од функцијата советник за национална безбедност, иако тој призна дека самиот побарал негова оставка.

XS
SM
MD
LG