ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека неговиот говор за прифаќање на републиканската претседателска номинација, ќе биде или во Белата куќа или во Гетисбург, Пенсилванија, каде се случила една од најважните битки во Граѓанската војна.
Трамп изјави дека одлуката ќе ја соопшти набрзо на Твитер.
Поради пандемијата на ковид-19, ниту Трамп, ниту неговиот демократски противник Џо Бајден, планираат да имаат традиционални говори.
Бајден, минатата недела, рече дека неговиот говор за прифаќање на демократската претседателска номинација ќе биде од неговиот дом во Делавер, на 20-ти август, наместо во Висконсин.
Facebook Forum