Линкови за пристапност

Сенатот усвои резолуција за ограничување на надлежноста на Трамп за воени операции против Иран


Неколку американски републикански сенатори им се придружија на демократите во усвојувањето на резолуцијата со која се ограничува надлежноста на претседателот Доналд Трамп да ги употреби вооружените сили на САД против Иран, освен ако такви дејства не одобри Конгресот.

Се очекува Трамп да стави вето на мерката, тврдејќи дека би било опасно да се ограничи неговата воена моќ.

Тоа што Трамп нареди убиство на иранскиот генерал Касем Солејмани со беспилотно летало минатиот месец на аеродромот во Багдад, отвори дебата за улогата на Конгресот во надгледувањето на надлежноста на претседателот за управување со воени операции во странство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG