Линкови за пристапност

Трамп ја најави Дина Пауел за економска помошничка


Новоизбраниот претседател рече дека таа ќе работи во Белата куќа на иницијативите за претприемништво и развој на мал бизнис

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп најави дека планира да ја именува Дина Пауел за негова економска помошничка, како и за советничка за економски иницијативи. Во моментот таа ја предводи финасиската компанија Goldman Sachs Group Inc.

Трамп изјави дека Пауел ќе работи во Белата куќа на прашањата за претприемништво и за развој на мал бизнис.

„Дина Пауел е инзвореден талент и има огромно искуство во јавниот сектор, како и одлична кариера во приватниот бизнис. Таа се издвои со нејзиниот стратешки надзор врз клучните програми и иницијативи, и е лидер за економски развој и поддршка на жените во различни аспекти во развој на бизнисот и на претприемачките активности“, рече Трамп.

Пауел беше директор за човечки ресурси во Белата куќа во време на администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, како и помошник државен секретар за образовние и култура, и заменик-потсекретар за односи со јавност во Стејт департмент.

XS
SM
MD
LG