Линкови за пристапност

Трамп: Помпео се враќа со тројцата Американци, кои беа притворени во Северна Кореја


Помпео во мисија за организирање на деталите од средбата Доналд Трамп - Ким Јонг Ун

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во Пјонгјанг на подготовки за претстојната средба меѓу претседателот Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг ун.

Претседателот Трамп преку Твитер потврди дека Помпео се враќа со тројцата Американци кои беа притворени во Северна Кореја , и како што напиша се во добра здравствена состојба.

Посетата на Помпео во Пјонгјанг се совпаѓа со трилатералниот Самит во Токио меѓу јапонскиот премиер Шонзо Абе, кинескиот премиер Ли Кегиан и јужнокорејскиот претседател Мун Ји-ин.

Тројцата лидери во соопштение изразија поддршка за заложбата на двајцата корејски лидери за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и ги реафирмираа заедничките напори кон убедување на Северна Кореја да се откаже од програмата за нуклеарно оружје.

Претходно, првиот американски дипломат изрази надеж дека ќе обезбеди ослободување на тројца корејски Американци, кои се приведени во Пјонгјанг. Двајца беа приведени на Универзитетот за наука и технологија во Пјонгјанг лани, и беа обвинети за учество во анти-државни активности и обид за пуч на владата во Северна Кореја. Третиот, беше осуден на 10 годишна затворска казна откако во 2016-та, беше прогласен за виновен за шпионажа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG