Линкови за пристапност

Рејтингот на Трамп порасна за три проценти


Согласно истражувањето, 71 процент од испитаниците, кажале дека се согласуваат со неговиот начин на справување со ураганите и финансирање на Владата

Рејтингот на претседателот Доналд Трамп се зголеми, по неговата одлука да обезбеди пари за намалување на штетата по ураганите, и по соработката со демократите да се спречи затворање на Владата, покажуваат најновите анкети.

Според анкетата на Ен-Би-Си и на Вол стрит журнал, рејтингот на Трамп изнесува 43 проценти, што е за три проценти повеќе од состојбата во август

Од друга страна, 52 проценти од испитаниците се изјасниле дека не се согласуваат со работата на Трамп, како претседател.

Анкетата, која вчера ја објави Политико, покажува слично зголемување на рејтингот на Трамп, односно 43 проценти, во споредба со 39 проценти во август.

Зголемувањето доаѓа, откако Трамп се спротивстави на желбите на лидерите на Републиканската партија, и постигна договор со демократите, да обезбеди средства за справување со штетата од ураганите, и не дозволи затворање на Владата.

Фред Јанг, кој учествувал во спроведување на анкетата на Ен-Би-Си и на Вол стрит журнал, вели дека желбата на Трамп да соработува со демократите одиграла голема улога во пораст на неговиот рејтинг.

Согласно истражувањето, 71 процент од испитаниците, кажале дека се согласуваат со Трамп да се справи со ураганите и со финансирањето на Владата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG