Линкови за пристапност

Даночните реформи во фокусот на Трамп


Претседателот на САД се враќа во Вашингтон, откако празникот Денот на благодарноста го мина во Палм бич, Флорида

Неделава, републиканците во Сенатот се очекува да се фокусираат на усвојување на даночните реформи, пред мерката да биде ставена на гласање.

Трамп утре треба да присуствува на работниот ручек во Сенатот и да разговара по клучните прашања на агендата на Републиканската партија.

Порано месецов Претставничкиот дом усвои прва поголема мерка за реформи во даночниот систем, по повеќе од 10 години.

Сепак, дури и доколку Сенатот го усвои својот даночен план, ќе треба да биде усогласен со верзијата на Претставничкиот дом, по што би бил ставен на гласање во обата дома на Конгресот.

Републиканците во Сенатот можат да си дозволат да загубат само еден до два гласа, со оглед на фактот што имаат мнозинство од 52 наспрема 48 за демократите, кои не ја поддржуваат легислативата.

Трамп се залага за усвојување на оваа мерка, прва од ваков вид во период од речиси три децении, а би била и негова прва легислативна победа.

„На Американците за Божиќ ќе им дадеме големо кратење на даноците и се надеваме дека ова ќе биде убав божиќен подарок“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG