Линкови за пристапност

Трамп во посета на Пентагон


Претседателот Трамп денес изјави дека е во Пентагон да ѝ даде поддршка на војската, која ќе „изгуби најмногу“ без потребното финансирање.

Претседателот Доналд Трамп го критикуваше раководството на Конгресот за буџетот и предупреди дека евентуалното затворање на владата, би било штетно за војската на САД.

Привремениот закон за финансирање истекува во петок на полноќ , со што делумно би се затворила владата, ако конгресмените не се договорат за новата мерка за финансирање.

„Буџетот треба да се работи многу поинаку отколку сега“, рече Трамп за време на посетата на Пентагон. „Ако поради некоја причина не биде донесен, најлошото ќе ѝ се случи на нашата војска“.

Портпаролката на Пентагон Дана Вајл за Гласот на Америка изјави дека, „главен фокус на посетата на претседателот...е да се разговара за влијанието на потенцијалното затворање на владата и продолжување на резолуцијата за Министерството за одбрана“.

Таа исто така рече дека претседателот и потпретседателот ќе разговараат со секретарот за одбрана Матис за стратегијата за национална одбрана која секретарот утре ќе ѝ ја претстави на јавноста.

Претседателот Трамп истакна и дека е во Пентагон за да ѝ даде поддршка на армијата, која ќе „изгуби најмногу“ без потребното финансирање.

Тој додаде дека народот има потреба од силна војска „речиси повеќе од било кога во минатото."

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG