Линкови за пристапност

Трамп: Демократите прво сакаа брз процес, а сега бавен


Претседателот на САД реагира на Твитер за постапката на импичмент; Спикерката на Претставничкиот дом вели дека одредбите за импичмент нема да ги испрати во Сенатот додека не се договорат правилата.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток реагираше на постапките на демократските законодавци во врска со импичментот додека легислативата е во мирување пред судењето во Сенатот.

„Радикалната левица, демократите кои ништо не прават, кажаа дека сакаат брзо се` да помине низ Сенатот зашто Претседателот бил опасенза националната безбедност. Сега не сакаат брзо, сакаат бавно. Лажговци“, напиша Трамп на Твитер.

Во гласање по партиска линија, Претставничкиот дом одобри две одредби за импичмент на американскиот претседател. Тој е обвинет дека ја злоупотребил функцијата за сопствена корист и дека правел опструкција на конгресните напори за истрага по неговите постапки.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за неодредено време го одложи испраќањето на документот за импичмент до Сенатот кој е под контрола на републиканците. Таа вели дека нема да преземе акција додека Сенатот не се согласи на правилата според кои ќе се води постапката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG