Линкови за пристапност

Вжетена реторика меѓу претседателот Трамп и палестински претставник


Вишиот претставник Ханан Ашрави, реагираше на коментарите на Доналд Трамп за можноста од кратење на финансиската помош за Палестинците

Виш палестински официјален претставник рече дека Палестинците „нема да бидат уценувани“ од заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на финансиската помош.

Ханан Ашрави рече дека Трамп го саботирал барањето на Палестинците за мир, слобода и правда и дека се осмелува да ги обвини Палестинците за последиците од неговите неодговорни активности.

Трамп преку Твитер кажа дека го тргнал Ерусалим, најтешкиот дел од преговорите, од дневниот ред, додавајќи дека, „што Палестинците повеќе не сакаат да разговараат за мир, зошто ние да треба во иднина да бидеме одговорни за овие огромни идни исплати за нив“.

Амбасадорката во ОН Хејли кажа дека САД мора да престанат со придонес на агенцијата на ОН што обезбедува хуманитарна помош за Палестинците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG