Линкови за пристапност

Божиќен украс инспириран од кампањата на Трамп


Минијатурата со логото „да ја направиме Америка повторно голема“ предизвика сарказам, но се продава добро

Доналд Трамп нема да ја преземе функцијата претседател до јануари, но оние кои ја слават неговата победа и сакаат за време на празничната сезона да се потсетат на неговата победа, тоа може да го сторат со купување на божиќни украси со познатиот слоган од неговата кампања: „да ја направиме Америка повторно голема“

Минијатурната црвена капа е направена по модел на онаа која Трамп ја носеше на многубројните предизборни собири. Украсот се рекламира како направен од бронза со позлатени рабови и се продава за 149 долари. Со нарачката се дава допринос кон Комитетот за донации на Трамп, исто како и донација до Републиканскиот национален комитет.

Како и самиот Трамп, украсот предизвика поделени мислења. Просторот за оставање на оценки за производот на Амазон брзо стана форум каде луѓето ги оставаат своите чувства за новоизбраниот претседател, неговите политики и личност.

Во рекламата за производот стои: „да осигурате дека секое дрво се истакнува“ и „новоизбраниот претседател Трамп кој го сака Божиќ и гордо кажува среќен Божиќ, во секоја прилика“

Не се наведува каде е произведен украсот, но многумина шпекулираат дека е направен во Кина, каде се произведуваат повеќето декорации за Божиќ кои се продаваат во САД.

Производот започна да се продава на Амазон од денеска.

XS
SM
MD
LG