Линкови за пристапност

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа следната недела


Се очекува да разговараат за трговијата, енергијата и кибернетската безбедност

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа наредниот вторник, соопшти администрацијата.

„Во име на долгогодишните односи меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе разговараат за начините да се продлабочи соработката околу различни прашања, вклучувајќи ја трговијата, енергијата и кибернетската безбедност“, стои во изјавата.

Во неа се нагласува дека како лидери на НАТО членки, Трамп и Орбан ќе ги разгледаат “можностите да се исполнат обврските за националната безбедност на двете држави“.

Антиимиграционата кампања на Орбан во Европа се споредува со политиките на Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, и неговите обиди да ги спречи мигрантите да бараат азил во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG