Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во јавното здравство, по ескалација на кризата со опијати, нагласувајќи дека федералната Влада веќе се бори овој проблем на „сите фронтови“.
Трамп, вчера, обраќајќи се пред 180 луѓе во Белата куќа, меѓу кои зависници кои се излекувале и семејстава на жртви, рече дека „како Американци не можеме да дозволиме ова да продолжи“.
Двајца од присутните, кои стоеја зад претседателот, в раце имаа фотографии од блиски лица кои починале поради предозирање.
Центрите за превенција и контрола на болести објавија дека од предозирање минатата година починале 64.000 Американци, од кои 35.000 починале поради употреба на опијати за намалување на болка.
„Повеќе луѓе умираат од предозирање, отколку од убиства со оружје и сообраќајни несреќи заедно“, рече Трамп.
Facebook Forum