Линкови за пристапност

Трамп најави победи против епидемијата на опијати


Претседателот Доналд Трамп се заложи дека САД ќе победат во битката против хероинот и епидемијата на опијати, но не објави вонредна состојба во нацијата, како што препорача комисијата, којашто самиот ја состави.

Најдобар начин да се спречи зависноста со дрога и случаи на предозираниот е најпрво, да се спречи консумирањето, порача Трамп од Њу Џерси, каде се наоѓа на работен одмор.

Минатата недела, Националната комисија за опијати, со која претседава гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, го повика американскиот претседател да објави вонредна состојба за овој негативен тренд во нацијата, и оцени дека во „САД секои три недели умираат ист број на луѓе колку што загинаа на 11-ти септември“.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, опијатите се причина за смртта на 33.000 лица во 2015-та, а стапката на смртни случаи од консумирање дрога продолжува да расте.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG