Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови нападите против неговата поранешна советничка, Омароса Маниголт Њуман, нарекувајќи ја „куче“ кое заслужило отказ.
Во коментар на неговиот Твитер профил, Трамп го пофали неговиот шеф на кабинет, Џон Кели затоа што минатата година ја отпуштил од работа Омароса Маниголт Њуман. Таа порано беше учесничка во реалното шоу на Трамп „Апрентис“ пред тој да ја назначи на позиција во Белата куќа, каде таа добивала плата од 179,700 долари годишно.
Во нејзината книга публикувана денес „Ментално растроен“ таа е критична кон претседателот Доналд Трамп и операциите на Белата куќа.
За време на промоцијата, Маниголт Њуман индицирање дека додека таа служела во Белата куќа, таа била сведок дека претседателот користел коментари кои содржеле расни предрасуди.
Ден претходно, Маниголт Њуман објави аудио снимка од моментот кога Кели ја отпуштил од работа.
Facebook Forum