Линкови за пристапност

Трамп бара конгресменката Омар да им се извини на САД и на Израел за вулгарниот речник


Претходно претседателот, во серија објави на Твитер, предложи четри обоени закондавци да се вратат и да ги поправат криминално уништените места од каде што доаѓаат

Претседателот на САД Доналд Трамп останува фокусиран на неколку демократски членови на Конгресот, откако претходно во серија твитови предложи четри обоени закондавци да се вратат во нивните места од каде што доаѓаат, со цел да ги поправат оти биле комплетно криминално уништени.

„Кога конгресменката, која ја застапува крајната левица ќе им се извини на нашата држава, на луѓето од Израел, дури и на Канцеларијата на претседателот, за лошиот и вулгарен речник“, рече денес Трамп.

Од четирите наводни законодавци на кои претседателот се фокусираше во првичната објава вчера, само конгресменката од Минесота Илхан Омар е родена во Сомалија, и има странско потекло.

Белата куќа не одговори на прашањето на Гласот на Америка, дали пред објавите на Твитер, претседателот бил запознаен дека три од четирите конгресменки се родени во САД.

Прогресивните демократки деновиве и` се спротивставија на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси околу имиграционите прашања.

Проблемот го предизвика и вниманието на Трамп, кој и` даде јавна поддршка на Пелоси во врска со нејзиниот однос кон оваа демократска група.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG