Претседателот на САД Доналд Трамп ги посети повредените во болница во Дејтон, Охајо, од каде продолжи во Ел Пасо, Тексас, вториот град во кој имаше масовно пукање изминатиов викенд.
Претседателот и првата дама Меланија Трамп поминаа еден час во болницата, каде зборуваа со погодените лица во пукањето во ноќен клуб во неделата, при кое беа убиени девет лица, меѓу кои и сестрата на напаѓачот, додека 27 други беа повредени.
„Сакам да знаете дека ние сме со вас цело време“, им рекол Трамп на повредените и нивните семејства, изјави портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.
Неколку стотици лица стоеја пред болницата, меѓу кои демонстранти и поддржувачи.
Претседателот не го посети местото каде се случи масакрот, каде многумина протестираа извикувајќи го неговото име.
Од Дејтон, Трамп замина за Ел Пасо, Тексас, каде во саботата беа убиени 22 лица во продавница на „Волмарт“.
Facebook Forum