Линкови за пристапност

Трамп го нарече Мекејб срам за ФБИ и за државата


Реакцијата уследи, откако поранешниот заменик-директор на ФБИ, во интервју за Си-Би-Ес, рече дека властите размислуваат да го применат уставниот амандман со кој се озвозможува смена на претседателот

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп реагираше на изјавата на Ендрју Мекејб, поранешниот заменик -директор на Федералното истражно биро (ФБИ), кој рече дека властите размислуваат да го применат уставниот амандман со кој се озвозможува смена на претседателот, откако тој го отпушти поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

Мекејб, во интервју за Си-Би-Ес, изјави дека отворил истрага за претседателот поради страв дека би можела да се доведе во прашање истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за поврзаност меѓу кампањата на Трамп и Русија, ако биде отпуштен.

Одделот за правда, кој го надгледува ФБИ, рече дека изјавата на Мекејб за настаните е „неточна“.

Тој беше отпуштен во мај минатата година, без официјални лица да инсистираат на отстранување на Трамп од функцијата.

Кусо откако вчера беше објавен дел од интервјуто, Трамп на Твитер го нараче Мекејб „срам за ФБИ и за државата“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG