Линкови за пристапност

Трамп: Ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го честиташе претстојниот Ден на независностa, 8 септември.

Во честитката, која денеска американската амбасадорка Брнз му ја предаде на претседателот Стево Пендаровски, се вели:

„Во име на американскиот народ, Вам и на граѓаните на Северна Македонија ви го честитам Денот на независноста, 8 Септември. Оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија. И покрај овој огромен предизвик, Северна Македонија безбедно и транспарентно одржа демократски избори во јули, а вашата земја останува посветена на унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак. Соединетите Држави се горди што се ваш сојузник и ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција и вашиот пат кон членство во Европската унија“, стои во честитката на претседателот на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG