Претседателот на САД Доналд Трамп испрати порака до Сенатот за „разгледување и согласност“ на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.
Во официјалниот допис од Белата куќа стои дека Протоколот бил потпишан во Брисел на 6-ти февруари 2019, од страна на САД и на другите членки на Северноатлантската алијанса.
„Целосната ратификација на Протоколот ќе и` овозможи на Северна Македонија да стане дел од Северноатлантскиот договор и членка на НАТО“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Северна Македонија е решителен партнер на САД, и оти од членството во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата.
„Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања“, соопшти Белата куќа.
Facebook Forum