Линкови за пристапност

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун ќе се сретнат на 12-ти јуни во Сингапур


„И двајцата ќе се обидеме ова да го направиме мошне специјален момент за светскиот мир“, истакна Трамп преку Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун идниот месец во Сингапур.

„И двајцата ќе се обидеме ова да го направиме мошне специјален момент за светскиот мир“, истакна Трамп на Твитер, неколку часа откако лично им посака добредојде на тројцата Американци, ослободени од Северна Кореја.

За време на настан во воената база „Ендрјус“ во Мериленд, којшто се наоѓ на 25 километри од Белата куќа, претседателот, придружуван од првата дама, Меланија Трамп, ова го изјави, откако им посака добредојде на тројцата Американци. На настанот присуствуваа и потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео.

Претседателот Трамп изрази благодарност до севернокорејскиот лидер, заради овој чекор, доадавајќи: „Навистина сметам дека сака да направи нешто, за да ја внесе Северна Кореја во вистинскиот свет“.

Тој истакна дека целта за престојните разговори со Ким е Северот да се согласи да се денуклеаризира.

Потретседателот Пенс кажа дека САД не направиле никакви концесии спрема Северна Кореја, за да обезбедат ослободување на Американците.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека „кампањата на максимален притисок функционира“, додавајќи дека, освен напорите на претседателот, „дел од успехот се должи на нашите сојузници и партнери“, особено, лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG