Линкови за пристапност

Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште


.
.

Морнаричките вежби ќе траат до утре, за кога Трамп ги покани сите 100 сенатори во Белата куќа на разговори за Северна Кореја

Американската подморница на нуклеарен погон „УСС Мичиген“ пристигна на јужнокорејското пристаниште Бусан. Морнариците на двете држави и` се придружија на Јапонија во заедничките воени вежби, во време на интензивирани тензии со Северна Кореја.

Предвидено е вежбите да траат до утре, за кога претседателот Доналд Трамп ги покани сите 100 сенатори во Белата куќа, на затворен брифинг за јавноста, на кој се очекува да се разгледа проблемот со Северна Кореја.

Брифингот ќе го водат секретарот за одбрана Џим Матис, државниот секретар Рекс Тилерсон и директорот на националното разузнавање Ден Коатс.

Додека законодавците често имаат неофицијални брифинзи на Капитол хил, многу ретко тие се случуваат во Белата куќа, во кои е вклучен целиот Сенат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG