Линкови за пристапност

Трамп го опиша Ким Јонг Ун како вистински лидер


Во врска со пропаднатите разговори, претседателот вели дека секогаш треба да се биде подготвен да се замине

Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече Ким Јонг Ун вистински лидер, и покрај неуспешните разговори во Виетнам.

Во телевизиско интервју за телевизијата „Фокс њуз“, Трамп го опиша Ким Јонг Ун како паметен „колку што може да се биде“ и непредвидлив.

Трамп, исто така, додаде дека му се допаѓа Ким, и оти тој му се допаѓа на Ким.

„Некои луѓе велат дека не би требало да ми се допаѓа. Но, јас ги прашувам зошто? Ние се сложуваме одлично“, рече Трамп.

Во врска со пропаднатите разговори, Трамп рече дека секогаш треба да се биде подготвен да се замине, додавајќи дека тој можел да потпише нешто, нагласувајќи дека имал подготвено документи за тоа.

Трамп вели дека Ким сакал целосно намалување на санкциите, но, оти САД не можеле да го направат тоа.

Според претседателот, на организирана вечера од страна на Ким, тој ветил и дека нема да продолжи со нуклеарните тестови.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи рече дека Северна Кореја нема да ја промени позицијата, дури и ако САД бараат продолжување на разговорите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG