Линкови за пристапност

Трамп го пофали затворањето нуклеарни капацитети во Северна Кореја


Потегот е важен прв чекор за исполнување на заложбата од Сингапур, велат аналитичари

Претседателот на САД Доналд Трамп ги пофали неодамнешните сателитски снимки, на кои се гледа како Северна Кореја го почнува процесот на затворање на клучните нуклеарни капацитети на севернозападниот брег на државата.

„Го цениме тоа“, рече Трамп.

Аналитичарот Џозеф Бермјудез го нарече потегот „важен прв чекор за исполнување на заложбата“ дадена од страна на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за време на средбата со Трамп во Сингапур.

„Имавме фантастична средба со Ким, и изгледа дека се одвива многу добро“, рече Трамп, кој веднаш по завршување на средбатата минатиот месец, истакна дека повеќе не постои нуклеарна закана од Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG