Линкови за пристапност

Трамп е среќен од текот на преговорите со Северна Кореја


Ниту една ракета не е лансирана од Северна Кореја во период од девет месеци, напиша претседателот на неговиот Твитер профил

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е многу среќен за тоа како се одвиваат преговорите со Северна Кореја, за да се стави крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

„Ниту една ракета не е лансирана од Северна Кореја во период од девет месеци. Ниту пак имало нуклерани тестови. Јапонија е среќна, како и цела Азија“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.

Тој ги искритикува медиумите дека известуваат, иако никогаш не го прашале него, повикувајќи се на анонимни извори, оти тој бил лут бидејќи процесот не се одвивал доволно брзо.

Ден по историската средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур минатиот месец, Трамп рече дека повеќе не постои нуклеарна закана од Северна Кореја.

Сепак, дговорот за денуклеаризација не содржи детали како и кога тоа ќе се изведе.

Државниот секретар Мајк Помпео неодамна се сретна со официјални лица во Пјонгјанг, со цел да се обиде да ги забрза дискусиите, но, засега нема очигледен прогрес, иако Трамп нагласува дека односите на САД со Северна Кореја се многу добри и оти процесот оди напред.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG