Линкови за пристапност

Трамп и Ким Јон Ун сепак ќе се сретнат на 12-ти јуни во Сингапур


Претседателот најави дека ќе има повеќе средби во иднина

Претседателот на САД Доналд Трамп, веднаш по состанокот со севернокорејскиот официјален претставник Ким Јонг Чол, изјави дека средбата со Ким Јонг Ун ќе се случи на 12-ти овој месец, како што беше првично закажана.

По 80 минути долгиот состанок во Белата куќа, Трамп најави дека состанокот ќе биде почеток на процес, кој ќе опфаќа повеќе средби во иднина.

„Добар состанок денес, мислам дека ќе биде одличен почеток“, нагласи Трамп.

Пред само една недела, состанокот со севернокорејскиот лидер беше неизвесен, бидејќи претседателот најави дека ќе го откаже, поради острата реторика од Северна Кореја, велејќи дека никогаш нема да се согласи на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Денешната средба со Ким Јонг Чол беше значајна, бидејќи се случи по 18 години пауза. Ким Јонг Чол му предаде на Трамп писмо од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за кое Трамп рече дека е многу интересно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG